Глобалното такси Uber ќе вози со Nokia HERE Maps

Објавено на 08.05.2015 во Новости



Глобалното такси Uber ќе вози со Nokia HERE Maps

Големата такси компанија Uber планира да го купи од Nokia севисот за мапи и навигација HERE Maps со инвестиција вредна 3 милијарди долари откако се поизвесно е дека финците ќе се откажат од апликацијата и ќе се фокусираат на мобилни мрежи и софтвер за бизнис субјекти.
 
Uber со аквизицијата на HERE Maps би добил целосно заокружена услуга и ќе може да им го олесни патувањето на многумина кои би биле сигурни во насоките по кои се движи возачот. Тоа е идеално за туристи и луѓе кои не го познаваат градот, па нема да бидат возени наоколу за повисока сума за возачите.
 
 
Да потсетиме дека Uber е сервис кој овозможува директно од смартфонот да резервирате возач и да се договорите за цената на патувањето, па затоа традиционалните такси компании се чуствуваат загрозено.