Meizu MX5 ќе биде жешко изненадување
Објавено на 09.05.2015 во Новости
Meizu во изминатиот период го забави темпото и му препушти на Xiaomi да го превземе водството но, тоа не значи дека целосно се откажал од војната, па затоа кон крајот на јуни подготвува вистинско жешко изненадувања со новиот премиум смартфон Meizu MX5.
Како што досега се навикнавме да гледаме супер моќни и пред се поевтини смартфони од Meizu MX5 очекуваме слична понуда со квалитетен осум-јадрен процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија, 16 мегапиксели, батерија со капацитет од 3000 mAh, додека пак дисплејот би требало да располага со големина од 5.2 инчи и Quad HD резолуција.
Со оваа конфигурација и цена до 450 евра може да претпоставиме дека Meizu MX5 ќе биде еден од најинтересните смартфони ова лето.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.