Откриени сите новитети на Apple - Еве што не очекува

Објавено на 12.05.2015 во Новости



Откриени сите новитети на Apple - Еве што не очекува

Во наредниот период Apple ќе биде фокусиран на конференцијата WWDC 2015 на која се очекува да биде прикажана новата софтверска понуда и сега ги добиваме првите протечени информации за апликациите за кои веќе се сомневавме дека ќе дебитираат.
 
 
На листата се ставени новата верзија на оперативниот систем iOS 9 која ќе биде помала надградба и ќе се фокусира на персоналниот асистент Siri со нови функции како и поголема интеграција со Apple Watch. Од новите апликации на Apple се издвојува глобалниот пласман на iTunes Radio каде ќе биде понудена можност за слушање на различни станици по избор на корисникот, на за поголем пристап ќе биде потребна претплата.
 
 
Третиот новитет е секако, Apple Beats, новиот музички сервис кој се соочува и со најголеми предизвици и големи скандали за нечесно пазарно однесување уште пред да биде промовиран пред корисниците. Apple Beats ќе понуди ексклузивни музички содржини за претплата од 10 долари месечно. Повеќе детали ќе бидат познати за време на WWDC 2015 конференцијата која ќе се одржи од 8 до 12 јуни.
 




Прочитајте повеќе: