Meizu MX5 повторно на врвот на бенчмарк тестовите

Објавено на 12.05.2015 во Новости



Meizu MX5 повторно на врвот на бенчмарк тестовите

Meizu има големи амбиции за овогодинешниот премиум смартфон кој би требало да го надмине успехот на Meizu MX4 кој го освои врвот на бенчмарк тестовите со најголем број на освоени поени. За таа цел Meizu MX5 ќе користи 64 битен осум-јадрен Mediatek процесор, а ќе понуди и висока оптимизација со интерфејсот Flyme UI.
 
 
Според најновите информации Meizu MX5 ќе користи моќен хардвер, а големи адути ќе има и во Quad HD дисплејот со големина од 5.5 инчи. За камерата се шпекулира дека ќе биде побарана соработка од Nokia за PureView сензорот со 41 мегапиксел. Meizu MX5 ќе има и тенко тело и целосна искористеност на предната површина, па затоа со големо внимание ќе следиме за подетални информации во наредниот период.