МК Транспорт пристигна на Android и Web за цела Македонија

Објавено на 12.05.2015 во Македонски апликации



МК Транспорт пристигна на Android и Web за цела Македонија

МК Транспорт ја забележавме како одличен концепт за планирање на патувањето низ Македонија со пребарување на термините за превоз со автобус или воз, заедно со приказ на превозникот и цената на билетот. Добра вест е што сега конечно од платформата на Windows Phone, МК Транспорт се пренесува и на Android, како и на веб со страната mk.transport.mk.
 
mk-transport-f
 
Како што може да претпоставите МК Транспорт има одличен дизајн со прегледен и едноставен интерфејс каде може да ја внесете почетнете и крајната дестинација, како и името на конкретниот превозник. Од корисниците информации ги издвојуваме телефонските броеви на сите станици во Македонија, совети за патување, како и новости за автобускиот и железничкиот сообраќај.
 
 
Од МК Транспорт ќе се залагаат секогаш за точен приказ на возниот ред, а постепено ќе се прават напори и за резервирање на билети директно преку мобилните апликации и веб страната.