Одлични проекти и апликации на четвртиот Стартап Викенд

Објавено на 13.05.2015 во Новости



Одлични проекти и апликации на четвртиот Стартап Викенд

Четвртиот Стартап Викенд Скопје покажа дека организаторот добро си ја завршил работата со привлекување на многу креативни и вредни луѓе кои дојдоа со квалитетни идеи кои може да се преточат во конкретни проекти. Овој викенд во Иновативниот центар на Телеком се натпреваруваа 19 идеи, од кои на 11 од нив се работеше со тимови и ментори, па еве ги резултатите по гласањето.
 
 
Првото место го освоија Brunch Box, апликација која е наменета за бизнис луѓе, на кои кога им се јаде може да ја отворат апликација и да најдат некој кој е блиску до нив или со кој би сакале да соработуваат и да ги поканат на појадок или доцен појадок (Brunch).
 
 
Второто место го освоија Park.me, апликација каде би споделувале слободни паркинг места низ нашиот град, како и втор дел кој тие го нарекоа „AirBnb за автомобили“ каде што доколку имате слободно паркинг место во вашиот двор можете да го издавате.
 
 
Третото место го освоија Dary, апликација за споделување слики со близок круг на пријатели под еден фолдер. 
 
 
Специјалната награда на Дарма Акцелераторот, ја добија Докторот, апликација која што го скенира човечкото тело со огормна прецизност и помага при лечење разни болки бо грбот, ‘рбетот итн. Ние им честитаме на сите учесници за одличните идеи и напорната работа и подетално нашите читатели ќе може да се запознаат со сите апликации поединечно.
 
Автор: Aleksandar Stankov