Обновено: Војничката верзија на Samsung Galaxy S6 со слики

Објавено на 15.05.2015 во Новости



Обновено: Војничката верзија на Samsung Galaxy S6 со слики

Информациите поврзани со војничката верзија на Samsung Galaxy S6 стануваат се побројни и откако неодамна ви ги пренесовме можните детали за техничките спецификации и дизајнот сега добиваме и први слики кои асоцираат дека смартфонот е се поблиску до конечнен пласман на пазарот.
 
 
Да се потсетиме дека Samsung Mobile оваа година реши да не применува водоотпорни сертификати во дизајнот на Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge, па затоа веднаш претпоставивме дека тој дел од понудата ќе биде издвоен во посебна „војничка“ верзија која ќе има цврста маска отпорна на шокови и ќе може да издржи во различни временски услови.
 
 
Таа прогноза полека се потврдува и со протекувањето на најновите слики од Samsung Galaxy S6 Active која е засилен со повеќе слојна пластика и метални штитници кои спречуваат навлегување на вода, прашина, песок и може да издржат во секакви услови.
 
Samsung Galaxy S6 Active ќе има идентичен хардвер но, со многу поиздржлива батерија од 3500 mAh бидејќи кај овие телефони не е пресудно да имаат тенко тело. Затоа набрзо ја очекуваме промоцијата на Samsung Galaxy S6 Active кој ќе има цена од околу 700 евра.
 
Автор: Aleksandar Stankov