Xiaomi Redmi 4 ќе ве шокира за само 150 евра
Објавено на 15.05.2015 во Новости
Xiaomi во изминатиот период повеќе беше фокусиран на поскапите смартфони од Mi Note и Mi s серијата, но сега се откриваат нови информации за поевтината понуда од Redmi серијата каде би добиле смартфон за цена од само 150 евра, но секако со доволно моќни перформанси.
Xiaomi Redmi 4 кој сега се води под кодното име Xiaomi H3Y би бил изработен со скапи материјали како метал, во внатрешноста ќе содржи 64 битен осум-јадрен Mediatek MT6795 процесор, 2 GB RAM, Dual SIM капацитет, 13 мегапикселна ISOCELL камера изработена од Samsung, додека пак дисплејот ќе има Full HD резолуција.
Овие спецификации го прават Xiaomi H3Y прилично атрактивен и доколку се исполни прогнозата дека цената ќе изнесува само 150 евра тогаш со нетпрение очекуваме да се појави на пазарот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.