Apple ја прекинува подршката за повеќе модели на iPhone

Објавено на 16.05.2015 во Новости



Apple ја прекинува подршката за повеќе модели на iPhone

Според протечени дописи од Apple се дознава дека компанијата ќе ја прекина подршката за одредени постари телефони кои се произведени и пласирани во изминатите осум години, почнувајќи од првиот модел на iPhone кој беше пуштен во 2007, па се до iPhone 4 од 2010 кој ќе биде ставен наскоро на листата на застарени телефони.
 
 
Apple ја прекинува подршката за телефони кои не се произведуваат меѓу пет и седум години, освен во одредени држави како Турција каде има законска обврска за техничка подршка на уредите над пет години. Сите останати региони каде има овластени партнери на Apple ќе добијат известување дека повеќе нема да ги одржуваат iPhone, iPhone 3g, iPhone 3Gs и iPhone 4.




Прочитајте повеќе: