Дали LG G4 ќе преживее тежок пад

Објавено на 16.05.2015 во Новости



Дали LG G4 ќе преживее тежок пад

LG G4 има забележливи промени во дизајнот од претходниот модел со примена на кожна прекривка на задната страна, минимална заобленост на дисплејот, како и употреба на пластична маска. Токму тоа роди сомнежи дека смартфонот е повеќе елегантен отколку издржлив и без метални компоненти ќе имате големи проблеми доколку ви падне LG G4.
 
 
Првиот тест на издржливост го направија TechRax со испуштање на телефонот во висина на главата, најпрво со вертикален пад со удар на долниот дел на LG G4. При првиот пад LG G4 преживеа и имаше мали оштетувања на рабовите и задната страна кај камерата, но при вториот тест со испуштање директно врз предната површина екранот целосно распука, а се одвои и задната кожна прекривка.
 
 
Сепак, LG G4 и покрај сите оштетувања продолжи да функционира и дисплејот се вклучи, но претпоставуваме дека има минимални оштетувања на камерата и другите компоненти. Од овој тест може да се заклучи дека LG G4 не е најцврстиот смартфон како издржливите Samsung Galaxy S6 Edge и HTC One M9, па затоа ќе треба да се внимава и да се купи дополнителна заштитна футрола или маска.
Автор: Aleksandar Stankov