Тим Кук: Визијата на Стив Џобс е остварена

Објавено на 18.05.2015 во Новости



Тим Кук: Визијата на Стив Џобс е остварена

Тим Кук одржа прилично инспиративен говор за студентите и дипломците на Џорџ Вашингтон Универзитетот велејќи дека визијата на Стив Џобс за промена на светот преку совршени технолошки производи кои ќе им помогнат на луѓето е реализирана, давајќи им мотив на младите луѓе да работат на подобри иновации и нови идеи.
 
 
 
Според Тим Кук денес производите на Apple се вистинско наследство на визијата на Стив Џобс бидејќи се доволно моќни да го следат развојот на општеството но, и во вистинскиот момент да им бидат корисни на луѓето. Најмногу пофалби даде за камерата на iPhone со која сите преку својот телефон ќе може да ги забележат неправдите во општеството и да ги споделат на социјалните мрежи вршејќи притисок за промени. 
 
 
Правејќи слика од присутните Тим Кук забележа и дека ова е најубавиот поглед на светот. Што мислите вие, дали навистина визијата на Стив Џобс е остварена и колку производите на Apple се навистина револуционерни, а не комерцијални со неверојатна база на фанови ширум светот.




Прочитајте повеќе: