За шопинг ќе одиме на Google

Објавено на 18.05.2015 во Новости



За шопинг ќе одиме на Google

Google планира да воведе нова опција во интернет пребарувачот за мобилен при што кога ќе пребарувате одредени предмети и стоки ќе ви се појави опцијата Shop on Google со посебно buy копче кое ќе ве одведе на нова страна за купување. Тука ќе може да ги одберете сите поединости на производот за полесно да ја завршите трансакцијата.
 
 
Google има идеја да им понуди соработка на голем број на интернет продавници чии резултатите нема да бидат спонзорирани, но ќе заработува од секој поединечен клик. Новиот Shop on Google алгоритам ќе користи и податоци од самите корисници кои ќе ги достават трговците и онлајн бизниците, а внесот на податоци од кредитната картичка ќе биде задржан само кај компанијата, а не и кај Google.
 
Овој новитет може да му помогне на Google да го порази Amazon бидејќи нема директно да продава производи, туку полесно ќе ги насочува корисниците. Од онлајн дистрибутерите бараат од Google да создаде флуиден интерфејс со директни линкови до нивната понуда за сите трансакции да бидат точни.