Google ќе го реши најголемиот проблем на Chrome

Објавено на 20.05.2015 во Новости



Google ќе го реши најголемиот проблем на Chrome

Тимот на инжинери задолжен за Google Chrome дадоа ветување дека ќе го решат најголемиот проблем кај интернет прелистувачот со кој се соочуваат корисниците, а тоа е преголемото завземање на RAM меморијата каде се трошат премногу ресурси од компјутерот или смартфонот. 
 
Проблемот со RAM меморијата беше и главна причина што добар дел од корисниците се откажуваа од Google Chrome и покрај тоа што е еден од најквалитетните прелистувачи. Ако се постигне на идеални ниво на врвни перформанси со заштеда на потребните ресусри ќе се намали и потрошувачката на батеријата, ветува тимот на Google Chrome.
Автор: Aleksandar Stankov