Oppo R7 и R7 Plus се атрактивни конкуренти на Samsung Galaxy Alpha

Објавено на 20.05.2015 во Новости



Oppo R7 и R7 Plus се атрактивни конкуренти на Samsung Galaxy Alpha

Oppo реши да настапи силно во високата средна класа каде до неодамна најмногу внимание привлекуваше Samsung Galaxy Alpha, но со поголем број на иновации во хардверот, како и многу поефикасен дизајн и технологии. Затоа на сцена стапуваат Oppo R7 и R7 Plus кои освен со одличниот сетап, може да се пофалат и со прилично атрактивна цена од 400 и 480 долари.
 
 
Oppo R7 е основниот модел кој располага со 5 инчен AMOLED дисплеј со Full HD резолуција, работи на осум-јадрен 64 битен Qualcomm Snapdragon 615 процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, слот за microSD картичка, 13 мегапикселна камера со f/2.2 апаратура и фазен автофокус, како и со солидна батерија од 2320 mAh.
 
 
Помоќниот Oppo R7 Plus може да се пофали со поголем 6 инчен дисплеј исто така со Full HD резолуција и стакло кое е точно пресечено за да даде 2.5D ефект на сликата и скенер за отпечатоци. Oppo R7 Plus има речиси идентичен хардвер со помалиот модел, но далеку поквалитетна батерија со мега капацитет од 4100 mAh. 

Заедничко на Oppo R7 и Oppo R7 Plus им е тенкото метално тело, футуристичата минимална рамка околу екранот која сега е нов жежок тренд во мобилната индустрија, како и примената на новиот Color OS кој се базира на Android 5.0 Lollipop. Oppo R7 и Oppo R7 Plus доаѓаат на меѓународниот пазар во средината на јуни.