Тим Кук вети: Apple Watch од јуни во продавниците

Објавено на 20.05.2015 во Новости



Тим Кук вети: Apple Watch од јуни во продавниците

Тим Кук извршниот директор на Apple вети дека смарт часовникот Apple Watch во јуни конечно ќе се најде во продавниците и ќе биде глобално достапен со што ќе стави крај на нетрпението кај фановите кои во изминатиот период имаа можност само да го порачаат преку интернет од Apple Store, а за неговата испорака чекаа и до три недели.
 
 
Една од главните причини за големот доцнење е откривањето на фабрички проблем со Touch Force сензорот кој не реагира најдобро на командите и некогаш се активира или гаси без допир на корисникот. Затоа добар дел од неисправните модели биле повлечени, а партнерите многу брзо произвеле сосема нова пратка на Apple Watch часовници. 
 
 
Без оглед на ограничената достапност Apple Watch се покажа како успешен уред бидејќи за краток период од само еден месец достигна бројка од над 2 милиона порачки што значително ги надмина конкурентите од Android Wear платформата. Apple Watch со основната верзија чини 350 долари, спортската со нер`ѓсувачки челик чини до 550 долари, а луксузниот модел со позлатени елементи е најскап со 17.000 долари.




Прочитајте повеќе: