Операторите не може два пати да ги наплатат пораките на chat

Објавено на 20.05.2015 во Новости



Операторите не може два пати да ги наплатат пораките на chat

Агенцијата за електронски комуникации во Охрид ќе биде домаќин на 3-та меѓународна регулаторна конференција за мобилните оператори каде ќе се разговара и за регулација на апликациите за бесплатни пораки како Viber, WhatsApp, Skype и останатите. Наводно проблемот е што операторите се во загуба бидејќи се намалува бројот на испратени SMS и MMS пораки, а chat апликациите кои се „бесплатни“ се екстра популарни.
 
 
Тука се јавува еден голем проблем бидејќи Viber, WhatsApp, Skype, па дури и iMessage на Apple и Hangouts на Google не се бесплатни бидејќи се користат преку интернет конекција за која мобилните оператори наплаќаат во својата пост пејд или при пејд тарифа. Пораките и аудио повиците меѓу корисниците се навистина бесплатни, но само доколку користите Wi-Fi мрежа, па затоа тешко е да се воведе двојна наплата. 
 
 
Интересно е што во анализите на повеќе мобилни оператори низ светот е оценето дека приходот од SMS пораки е намален, но затоа пак има огромен раст од интернет пакетите за мобилен телефон, кои меѓу другото се користат и за Viber, WhatsApp, Skype, Facebook Messenger и било која IM Chat апликација, односно зависи од самиот корисник на што ќе ги потроши. Аргументот на агенциите за регулација е дека IM Chat апликациите вршат телекомуникациски услуги и треба да бидат регулирани, но досега ова прашање не било покренато од најголемите светски регулаторни тела, како FCC во САД и TEENA од Кина.