Google иновација на ниво - Праќање линкови преку звук
Објавено на 20.05.2015 во Новости
Google има ултра талентирани инжинери кои често креираат иновативни решенија за интернет комуникација и едно од нив е најновата Tone екстензија за Chrome која ќе ви овозможи да испраќате url линкови преку звук.
Идејата на тимот Google Research е да создадат што е можно поедноставен начин за испраќање на линкови и документи до уредите кои се во ваша непосредна близина, бидејќи Tone екстензијата има мал домет. За да се активира потребно е да бидат вклучени звучниците и микрофонот и приемот зависи од нивната поставеност, но дури и трансферот да не биде успешен може веднаш да пробате пак.
Сега следува анализа на API пакетот на Tone екстензијата за да се утврди на кој принцип работи и за какви иновација ќе може да се користи во иднина, но во секој случај звучи премногу возбудливо.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.