Android Brillo ќе го донесе новиот Интернет на уредите

Објавено на 22.05.2015 во Новости



Android Brillo ќе го донесе новиот Интернет на уредите

Google сигурно нема да седи со скрстени раце и да чека да помине новата интернет револуција во најава, па затоа го подготвува новиот проект Android Brillo како систем кој ќе биде наменет токму за новиот Интернет на уредите (Internet of things) за целосно меѓусебно поврзување на различен вид на електронски уреди со огромен број на информации и брза достава на сервисни услуги на корисниците.
 
 
Бидејќи Интернетот на уредите е планиран од паметни коли па се до паметни сијалици потребен е флексибилен и растеглив софтвер кој ќе може да се прилагоди на најслабо опремените хардверски единици, а притоа да понуди ефикасен интерфејс. 
 
 
Android Brillo со неограничените ресурси на Google може да се покаже како најдобар софтвер за Интернет на уредите и ќе придонесе во доминација каде Android би го имале буквално во секој вид на електроника, од телефони и таблети, па се до шпорети, фрижидери, смарт возила, како и иновативни и наменски компјутери.