Google Maps конечно бесплатни за користење

Објавено на 29.05.2015 во Новости



Google Maps конечно бесплатни за користење

Google долго време го креираше можеби најдобриот систем за мапи и навигација со прецизна база на податоци и сега конечно е подоготвен да овоможи Google Maps да се користат бесплатно без потреба од интернет конекција.
 
 
Во новата верзија на Google Maps која ќе биде дел од оперативниот систем Android M ќе биде вклучена исто така и навигација со давање на насоки чекор по чекор. Корисниците претходно може да симнат одреден дел од мапите и да ги прегледаат без интернет конекција но, тие не се обновуваа и беа ограничена. Сега Google Maps ќе ви овозможи целосен пристап до сите придружни информации за локациите и знаменитостите.