Трик пораките кои го кочеаа iPhone ќе ги снема

Објавено на 29.05.2015 во Новости



Трик пораките кои го кочеаа iPhone ќе ги снема

Apple најави дека ќе се ангажира да го реши проблемот со апликацијата iMessage со трик пораките кои откако ќе ги примите на заклучениот екран ќе се рестартира смартфонот, а доколку ги отворите во chat самата апликација ќе се блокира. 
 
 
Самиот текст кој го активира овој ефект е тешко да се користи во обичниот секојдневен говор, па затоа постоеја стравувања дека ќе биде злоупотребен за правење на штета на корисниците. 
 
 
Додека не пристигне официјалната софтверска надградба Apple препорачува да ја активирате Siri за гласовно да ви ја прочита пораката и да одговори, а откако ќе ја знаете содржината ќе може веднаш да ја избришете од инбокс.




Прочитајте повеќе: