Google ќе ги елиминира сите пасворди со Project Abacus

Објавено на 30.05.2015 во Новости



Google ќе ги елиминира сите пасворди со Project Abacus

Google покрај фантастичната промоција на новата верзија на оперативниот систем Android M го претстави и т.н. Project Abacus кој ќе има за цел да ги острани пасвордите за потврда при внес на податоци и отворање на корисничка сметка или профил со нов вид на алгоритам.
 
Project Abacus на Google ќе го анализира начинот на кој вие го користите телефонот, таблетот или компјутерот, на кој начин пишувате на тастаурата, јачината со која внесувате команди на допир, а ќе го препознае и вашиот глас и лице. 
 
Project Abacus е замислен како целосно покриетие на безбедносната заштита бидејќи има повеќе вградени параметри и ако еден биде пробиен, останатите ќе бидат непроменети. Идејата е навистина фантастична бидејќи овој софтвер ќе го препознае секогаш својот корисник и ќе може да се користи во институции и компании кои работат со доверливи информации, но и во индивидуалната потрошувачка.
 
Автор: Aleksandar Stankov