Поевтиниот iPhone 6C со големи шанси за успех

Објавено на 31.05.2015 во Новости



Поевтиниот iPhone 6C со големи шанси за успех

По рекордната продажба на iPhone 6 и iPhone 6 Plus се појави загриженост кај инвеститорите дека Apple не може да го повтори истиот успех, но затоа пак оваа година понудата на смартфони ќе биде поразлична и со поевтиниот iPhone 6C ќе може да се придобијат фановите од средната класа.
 
 
iPhone 6C ќе биде резервниот план на Apple и ќе има добар баланс со поскапите iPhone 6S и iPhone 6S Plus. iPhone 6C ќе го задржи пластичниот дизајн од iPhone 5C, но ќе донесе неколку новитети како Touch ID скенерот за отпечатоци и Apple Pay системот за мобилни плаќања, што секако ќе му донесе многу поголем промет на Apple.
 
iPhone 6C се очекува да има 4 инчен HD дисплеј, ќе работи на некој од постарите чипсети, но ќе има доволно моќ да ги обработи сите новитети од iOs 8, додека пак камерата и батеријата сигурно ќе имаат мали подобрувања за купувачите да знаат дека добиваат нов смартфон, а не само мала надградба во однос на iPhone 5C.
 




Прочитајте повеќе: