ZTE Nubia X8 - Ново чудовиште со 6 инчен дисплеј

Објавено на 01.06.2015 во Новости



ZTE Nubia X8 - Ново чудовиште со 6 инчен дисплеј

ZTE засилено се активира во премиум класата и ги задоволи фановите со одличните смартфони Nubia Z9 во три различни големини, но не планира да застане тука бидејќи наскоро ќе пристигне и уште погломазниот ZTE Nubia X8, планиран со 6 инчен Quad HD дисплеј и тенко метално тело.
 
 
ZTE Nubia X8 ќе ги воодушеви фановите на моќна технологија со осум-јадрен процесор, 4 GB RAM, 32 GB меморија, 16 мегапикселна камера, 4G LTE конекција, скенер за отпечатоци и батерија со капацитет од 3300 mAh. Пласманот на ZTE Nubia X8 се очекува кон крајот на јуни, а неговата цена не би требало да надмине 700 долари.