Погледнете го најмалото USB стичке со рекордни 128 GB

Објавено на 01.06.2015 во Новости



Погледнете го најмалото USB стичке со рекордни 128 GB

SanDisk го претстави новиот USB стик кој има мемориски капацитет од 128 GB што практично е блиску до меморијата на голем број на стандардни хард дискови од персонални компјутери и лаптопи, а има должина од неколку сантиметри. 
 
 
За да не се случи некаде да го заборавите или забутате во ташните новиот SanDisk Ultra Fit стик може веднаш да го закачите во PC или лаптоп и да го користите како надворешна или помошна меморија бидејќи со капацитет од 128 GB може да складирате 16 часа нa Full HD, како и илјадници песни, слики и документи.
 
 
 SanDisk Ultra Fit стикот од 128 GB има брзина на пренос на податоци од 130MB/s, а ќе чини 119 долари. Покрај него претставен е и Ultra USB 3.0 флеш дискот со дури 256 GB меморија со цена од 199 долари.