ZTE Star 3 ќе блесне со две главни камери

Објавено на 04.06.2015 во Новости



ZTE Star 3 ќе блесне со две главни камери

ZTE засилено се подготвува за пласманот на ZTE Star 3 за кој се открива дека ќе има две камера на задната страна, поточно два сензора одвоени со LED блиц со што ќе може да се креираат импресивни слики и можна нивна комбинација за 3D ефекти. 
 
 
ZTE Star 3 најверојатно ќе има и 5.5 инчен Full HD дисплеј со минимална рамка околу екранот, врвен дизајн со квалитетна изработка, Android 5.0 Lollipop систем, додека пак хардверот ќе биде предводен од осум-јадрен процесор. Повеќе детали за ZTE Star 3 ќе бидат познати наскоро.