Xiaomi Mi 4i достапен глобално за 300 долари
Објавено на 05.06.2015 во Новости
Xiaomi со атрактивниот Mi 4i ја продолжи серијата на солидни смартфони со високи перформанси по многу ниски цени и освен за Азискиот пазар преку онлајн дистрибутерот Uniqbe ќе го лансира овој смартфон глобално по цена од околу 300 долари со трошоци за испорака.
Xiaomi Mi 4i доаѓа со 5 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 1920 пиксели, работи на octa-core Snapdragon 615 процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна главна камера, 5 мегапикселна селфи камера, можност за работа со две SIM картички и има супер батерија со капацитет од 3120 mAh.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.