Oppo Neo 5 (2015) и Neo 5S за евтин ангажман во средната класа

Објавено на 11.06.2015 во Новости



Oppo Neo 5 (2015) и Neo 5S за евтин ангажман во средната класа

Oppo се активираше повторно овој месец со два нови смартфони од кои обновениот Neo 5 (2015) и Neo 5S кои ги краси тенко и елегантно стаклено тело, надополнето со солидни перформанси. Двата смартфони имаат екрани со големина од 4,5 инчи и резолуција од 854 х 480 пиксели. 
 
 
Neo 5 (2015), работи со четири-јадрен со брзина MediaTek процесор од 1,3 GHz и Mali-400MP2 графика и 3G конекција, додека нешто помоќниот Neo 5S има Snapdragon 410 процесор со четири Cortex A53 јадра со брзина од 1,2 GHz и Adreno 306 графика, 1 GB RAM, 8 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка и 4G LTE.
 
 
Neo 5 (2015) и Neo 5S може да се пофалат и со 8 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2000 mAh, како и Android 4.4.2 KiKat оперативен систем надополнет со Colors OS. Овие телефони наскоро ќе бидат лансирани на пазарот по цени до 250 долари.