Касперски ги оцени Android и iOs како најопасни

Објавено на 12.06.2015 во Новости



Касперски ги оцени Android и iOs како најопасни

Јуџин Касперски главниот директор на Kaspersky Lab даде интересна анализа за безбедноста на мобилните платформи за време на конференција во Австралија. Експертот за интернет сигурност оцени дека Android и iOs се потенцијално најопасни системи за загрозување на корисниците, додека пак Windows Phone е прилично чист и не е толку изложен на ризици од хакерски напади и пласирање на штетен софтвер.
 
 
Според Касперски iOs ја има најголемата слабост бидејќи доколку некој успее да креира штетен софтвер милиони iPhone смартфони ќе бидат заразени, а состојбата ја комплицира недостигот на антивирусен софтвер поради затвореноста на Apple кон надворешни програмери. 
 
Сепак, ова е најцрното сценарио бидејќи во пракса iOs е добро затворен. Android од друга страна има голем број на антивирусни апликации, но проблемот лежи во отвореноста на платформата и овој пристап често може лесно да се злоупотреби со брутални напади. Корисниците најмногу треба да внимаваат при логирање и внесување на лозинките, а за да се заштита може почесто да ги менуваат.