Најтенкиот Samsung Galaxy A7 достапен за 450 долари

Објавено на 13.06.2015 во Новости



Најтенкиот Samsung Galaxy A7 достапен за 450 долари

Samsung Galaxy A7 е најтенкиот смартфон на Samsung со само 6.3 милиметри, а нуди и одлично скроено метално куќиште, квалитетен 5.5 инчен Full HD Super AMOLED дисплеј и работи со осум-јадрениот Exynos 5430 процесор. Цената на Galaxy Alpha серијата е малку повисока од очекувањата но, Galaxy A7 како најдобар претставник од ова друштво има сосема реална цена од околу 450 долари.
 
 
Хардверскиот дел на Samsung Galaxy A7 е надополнет и со 2 GB RAM, 16 GB меморија, слот за дополнителна меморија од 64 GB, пакетот на камери е одличен со 13 мегапикселна главна и 5 мегапикселна селфи камера, додека батеријата има капацитет од 2600 mAh. Samsung Galaxy A7 може да се порача онлајн од поголем број на препродавачи на електроника.
Автор: Aleksandar Stankov