Google Web Light за 4 пати ќе го забрза интернетот

Објавено на 15.06.2015 во Новости



Google Web Light за 4 пати ќе го забрза интернетот

Google постојано воведува нови мобилни и десктоп алатки со кои им овозможува на корисниците со ограничена мобилна и интернет конекција побрзо и поефикасно да прегледуваат веб содржини. Најновата алатка е наречена Web Light со која ќе добиете побрз пристап до веб сајтот, но со ограничен приказ на сите мултимедијални содржини како слики и реклами.
 
 
Google Web Light постигнува фантастични резултати и одредени страни се отвораат за 5 до 15 секунди побрзо од вообичаеното, а притоа се троши помалку интернет сообраќај. Со оглед на тоа дека Google зависи од реклами тие во Web Light ќе бидат присутни но, со помала резолуција. Google Web Light ќе биде наменет за земјите во развој каде има ограничен пристап на интернет и бавна конекција.

Автор: Aleksandar Stankov