Continuity ќе ви ги поврзе сите Apple уреди
Објавено на 15.06.2015 во Новости
Apple неодамна ги претстави најглавните новитети во системот iOs 9 но, постојано се откриваат помали, а премногу добри измени во функциите како кај Continuity за безпречено поврзување на вашиот iPhone смартфон со iPad таблет или Mac компјутер во било која мобилна мрежа.
Досега Continuity функционираше доколку сите уреди меѓусебно се поврзани на една Wi-Fi мрежа, но сега сите повици, пораки, мејлови, новости од апликации и продолжена работа од еден на друг Apple уред ќе може да ја вршите и преку мобилна интернет конекција.
Во бета верзијата на iOs 9 е откриено дека може и да изберете кои уреди ќе се поврзат со iPhone и за каков вид на известувања и продолжена работа.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.