Thync - револуционерен уред како дигитална дрога

Објавено на 15.06.2015 во Новости



Thync - револуционерен уред како дигитална дрога

Оваа алатка ќе биде добредојдена за сите што живеат во ова стресно време. Thync има за цел да ви помогне да го подобрите расположението, или пак да се смирите доколку сте многу вознемирени.

Новиот уред Thync многумина го сметаат за првата дигитална дрога во светот, бидејќи има неверојатен ефект врз вашето тело. Заслугата за оваа иновација му се припишува на Џејми Тајлер, доктор по неврологија и биоинженеринг, како и Иси Голдвасер.



Уредот функционира така што се става на челото, при што емитира ниско ниво на електрични бранови, кои може да ве смират или разбудат, во зависност од тоа што ви е потребно во моментот.



Thync се поврзува со смартфон преку Bluetooth, така што корисници ја подесуваат јачината на емитување електрични бранови преку посебна апликација. Оние што веќе го испробале овој револуционерен уред, ја потврдиле неговата ефикасност. Тој му влијае на телото како марихуана, а за време на енергетското функционирање, мозокот размислува појасно.