Доаѓа наследникот на Nokia Lumia 1020?!

Објавено на 16.06.2015 во Новости



Доаѓа наследникот на Nokia Lumia 1020?!

Фановите и сопствениците на Nokia Lumia 1020, се надеваат дека следбеникот на овој модел ќе има подобра камера. Со својот сензор од 41-мегапиксели, тоа е одличен залак за љубителите на фотографии. Повеќето критичари веруваат се повеќе дека дојде времето за да се поместат границите со нова технологија на камерата.



Еван Блас е познат информатор за нови технолошки уреди, кој објавил заматена слика од сензорот на новата камера на Lumia. Неговиот твит е следниот: "Не губете надеж, обожаватели на Windows". Текстот повеќе кажува отколку сликата, кој суштински се откажал од надежта дека новиот мобилен телефон ќе поседува 808 PureView за гореспоменатата Lumia 1020. Се чини дека со оваа објава сликата укажува кон долгоочекуваниот уред, но се додека не добиеме повеќе информации, сите карти се отворени за расправа и различни толкувања.



Како и да е, мора да почекаме повеќе детали за да донесеме заклучок, иако се надеваме дека после сите очекувања, новата камера на новиот модел "Lumia 1040", за кој има шпекулации дека е во изработка, сепак ќе го задоволи вкусот на своите фанови.