Samsung Galaxy Tab E - Евтин и ефикасен таблет

Објавено на 16.06.2015 во Новости



Samsung Galaxy Tab E - Евтин и ефикасен таблет

По мала пауза Samsung Mobile повторно се враќа на сцената на таблети со новиот Samsung Galaxy Tab E кој ќе биде понуден во средната класа со достапна цена од само 200 евра и пристојно ниво на перформанси.
 
 
Samsung Galaxy Tab E доаѓа со прилично голем 9.8 инчен TFT HD дисплеј со резолуција од 800 х 1280 пиксели, работи со четири-јадрен процесор од 1.3 GHz од пониските класи, надополнет е со 1.5 GB RAM за мултитаскинг што е најважно за овие таблети, а меморијата за содржини е 8 GB и истата може да се надополни со microSD картичка.
 
 
Дополнително Galaxy Tab E може да се пофали и со 5 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 5000 mAh, додека пак во софтверот управуван од Android 4.4 вклучен е и пакетот на апликации Microsoft Office.