Cortana ќе им помогне и на Android корисниците

Објавено на 17.06.2015 во Новости



Cortana ќе им помогне и на Android корисниците

Microsoft има добри вести за корисниците на Android со најавата дека гласовниот асистент Cortana ќе пристигне наредниот месец во јули иако точниот датум се уште не е познат. 
 
 
Cortana за Android ќе има речиси сите атрактивни опции за управување со гласовни команди, преглед на термини на интернет, поставување на задачи и обврски, креирање потсетници и давање предлози за работа. 
Cortana за Android нема да го има истото ниво на интегрираност со системот како кај Windows Phone, но лесно ќе се поврзе со надворешни апликации како потсетник, аларм, календар и интернет пребарувач.