Samsung има опасен пропуст

Објавено на 18.06.2015 во Новости



Samsung има опасен пропуст

Бројот на смартфони постојано се зголемува, а со тоа приватните податоци на мобилните уреди во последниве години. Затоа смартфоните се повеќе се мета на хакерски напади. Најновите информации се дека смартфоните на Samsung имаат сериозен безбедносен пропуст, кој би можел лесно да се злоупотреби од страна на хакери. Безбедносната компанија NowSecure открила пропуст поврзан со SwiftKey тастатурата, која е пре-инсталирана на мобилните уреди на оваа компадека смартфоните на Samsung имаат сериозен безбедносен пропуст, кој би можел лесно да се злоупотреби од страна на хакери. нија, а станува збор за околу 600 милиони мобилни уреди. Хакерите за таа цел може да инсталираат злонамерен софтвер, наместо класично ажурирање на тастатурата.



Искусните хакери ова може да го искористат за пристап до сите контакти, пораки и информации поврзани со корисничките имиња и лозинки, за пристап до податоци поврзани со банкарски картички и сите други приватни и доверливи податоци. Компанијата Samsung знае за овој огромен пропуст уште од ноември минатата година, поради што на крајот на последниов март објави patch за Android 4.2 и поновата верзија на овој софтвер. Сепак, безбедносните компании предупредуваат дека мобилните уреди се уште се лесно ранливи. Тестирајќи го последниот Galaxy S6 од експерти, утврдено е дека заштитата на мобилниот уред е се уште на многу ниско ниво. Овој пропуст влијае врз повеќето Samsung телефони кои работат на Android, вклучувајќи ги и најпопуларните модели: Galaxy S3, S4, S5, Note 3 и Note 4.

Автор: Aleksandar Stankov