Surface Pro 3 е прогласен за најбрз таблет

Објавено на 19.06.2015 во Новости



Surface Pro 3 е прогласен за најбрз таблет

Најновата табела со рангирање на таблетите според брзината за 2015 година, Surface Pro 3 е на прво место, The iPad Air 2 е на второ место и Google Nexus 9 е на трето место.



The iPad Air 2 со A8 процесор ја уништува својата конкуренција на пазарот на таблети од аспект на брзината. Apple го претстави овој модел толку ексклузивно, што рече за него дека е "моќен како и многу персонални компјутери", што и навистина е така, но, сепак тоа не му помогна многу. Сепак не е толку брз како најновиот таблет на Microsoft - Surface Pro 3. Со тестирањето преку Geekbench, таблетот на Microsoft добил 5069 поени, а iPad Air 2 - 4046 поени. Core i5 silicon процесорот е одговорот зошто Surface Pro 3 го зеде златниот медал и зошто може да се мери на рамниште со десктоп. Сликата одоздола е рангирањето на таблетите според нивната брзина:



Surface Pro 3 има 12 инчи дисплеј, само 9 милиметри дебелина, што досега беше невидено со процесор од Intel и долготрајна батерија, којашто може да работи до 9 часа со едно полнење. Евентуалната лоша страна на овој модел на Microsoft е тоа што е поскап од iPad Air 2, но и не е страшно до толку, затоа што двата модела се наменети за различни пазари.

Автор: Aleksandar Stankov