Уникатно градежништво: Роботи со 3D печатач градат мост

Објавено на 18.06.2015 во Новости



Уникатно градежништво: Роботи со 3D печатач градат мост

Холандската компанија MX3D се нафати на амбициозен проект за изградба на мост во Амстердам со помош на роботи и 3D печатачи кои самите ќе ги градат блоковите и компонентите без асистенција на градежни работници. 
 
 
Пешачкиот мост ќе се проектира со 3D технологија и на самата локација преку 3D печатачи ќе се обликуваат железните конструкции. Изградбата на 3D мостот ако се одвива според планираното ќе финишира во средината на 2017-та.