Тактика за да памтите комплицирани лозинки

Објавено на 20.06.2015 во Новости



Тактика за да памтите комплицирани лозинки

Луѓето обично ги креираат своите онлајн профили со многу лоши лозинки, главно затоа што тешко ги памтат комплицираните лозинки. Тоа е лошо за безбедноста на профилот, бидејќи така стануваме лесна мета и жртва на хакерите, кои едвај чекаат да ги откријат нашите лични податоци. Памтењето на долги и комплицирани лозинки не е толку тешко. Се што ви треба за ова е малку вежбање на умот. Со истражување е откриено дека луѓето не памтат сложени лозинки, при што користат едноставна техника, позната како повторување со празни места. Оваа техника се базира на зголемување на временскиот интервал што се користи за повторување на претходно научениот материјал.



"Постои голем дел од човековата меморија, која се уште не е истражена. Човечката меморија секогаш не изненадува", вели Џозеф Боно, еден од истражувачите.

Научници направиле експеримент со серија на тестови за вниманието на испитаниците, при што без знаење на корисникот се следел начинот на кој онлајн се приклучува на одредени екрани. Поточно, програмата од нив барала внесување на одреден број на зборови составени од букви и бројки, секој пат кога ќе се појавел екран за пријавување (login screen). Испитаниците требало да ги внесат сите лозинки што им биле напишани на хартија, со тоа што одредени цифри и букви ги внесувале од памтење. Десет дена подоцна им биле дадени комплицирани зборови со 12 карактери - 6 букви и 6 броеви. Неверојатно е тоа што испитаниците не успеале да ја внесат лозинката со памтење после 36 обиди, со висок процент на успех од 94%. Три дена подоцна, 88% од луѓето се уште се сеќавале на лозинката со случајни букви и броеви.



Поентата со ова тестирање со лозинките е што после неколку внесувања секако ќе ги запаметите без проблем. Истражувањето е само доказ дека треба повеќе пати да ја внесете комплицираната лозинка. Да ве потсетиме дека на интернет проверувате состојба на сметката во банка, имате доверливи информации на вашите профили, и.т.н. Затоа, преземете иницијатива и заштитете се од злонамерните хакери.