Први детали за iPad mini 4 - Најдоброто во мало пакување

Објавено на 21.06.2015 во Новости



Први детали за iPad mini 4 - Најдоброто во мало пакување

Apple ја повлече од продажба првата генерација на iPad mini кој беше еден од најуспешните и дојде како одличен одговор на малите Android таблети. Сега, Apple е подготвен за сосема ново поглавје со iPad mini 4 со кој ќе мора да понуди поголемо ниво на иновативност доколку сака да ги задржи купувачите.
 
 
Првите детали за iPad mini 4 откриваат дека таблетот ќе има 8.4 инчен 2K HD дисплеј, ќе работи на нов 64 битен А9 14 nm процесор, 2 GB DDR4 RAM меморија, со 8 мегапикселна камера и новитети во софтверот кои ќе бидат доставени директно преку iOs 9 системот. Промоцијата на iPad mini 4 ја очекуваме кон октомври или ноември, а друштво ќе му прави најверојатно и долго најавуваниот iPad Pro.
 




Прочитајте повеќе: