Viber против WhatsApp - Која е подобра

Објавено на 22.06.2015 во Туториали



Viber против WhatsApp - Која е подобра

Viber и WhatsApp се убедливо најпопуларните апликации за брзо допишување доколку не ги земеме во предвид однапред инсталираните апликации Hangouts на Google iMessages на Apple, па затоа се поставува прашањето која од двете е подобра и која заслужува да ја инсталирате на вашиот Android или iOs смартфон.
 
Viber и WhatsApp имаат совршен интерфејс за „четување“ со можност за праќање на брзи пораки, учество во групни разговори, испраќање на мултимедијални содржини, како слики, видеа и аудио, но еден е победник. Viber има голема предност со можноста за бесплатни телефонски повици, секако доколку имате интернет конекција, додека пак WhatsApp тек допрва ќе го применува овој конецпт за своите корисници и треба време додека не се постигне стабилен сервис.
 
Втората предност на Viber е тоа што има многу побогат избор на емотикони, емоџи и стикери и имате цела онлајн продавница на „смајли“ со кои ќе имате забавна комуникација. Секако, WhatsApp нуди слични емотикони, но нивниот избор е помал. 
 
Третата и можеби пресудна предност на Viber е 0 денари за корисниците, односно инсталацијата и користењето се целосно бесплатни, а WhatsApp по една година бара годишна претплата од 0.99 долари што секако не е многу, но зошто да трошите пари. 
 
Viber единствен проблем има со функционалноста на одредени смартфони каде се јавуваат багови, но од компанијата брзо реагираат и често има надградби кои ги решаваат сите проблеми. Што мислите вие, која апликација е подобра и која вие ја користите.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ