Атрактивниот Meizu MX5 откриен со скенер за отпечатоци

Објавено на 22.06.2015 во Новости



Атрактивниот Meizu MX5 откриен со скенер за отпечатоци

Meizu успеа во првичната намера да го тргне вниманието на јавноста од Xiaomi како главен конкурент и привлече многу фанови со постојаните протечени објави за најновиот супер смартфон Meizu MX5 за кој се открива дека ќе има скенер за отпечатоци со NFC технологија, додека пак дизајнот ќе биде на врвно ниво со целосна метална маска.
 
 
Meizu MX5 ќе понуди 5.5 инчен Full HD дисплеј, ќе работи на осум-јадрен процесор, со 3 GB RAM, 16 GB меморија, 20 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 3150 mAh, со Android Lollipop оперативен систем. Планирана е и Pro верзија на Meizu MX5 со Quad HD дисплеј и за нијанса помоќни компоненти. Meizu MX5 ќе биде лансиран за десетина дена и цената ќе изнесува прилично достапни 290 долари.