Android апликација за пишување на mini-PC од фотелја

Објавено на 23.06.2015 во Новости



Android апликација за пишување на mini-PC од фотелја

Бесплатната апликација Remote Keyboard во Google Play ви овозможува да го користите вашиот Android телефон како тастатура и "trackpad" за вашиот МИНИ компјутер. Remote Keyboard е дизајнирана да се користи со мини-компјутерски уреди, кои немаат тастатура и флеш драјв. Апликацијата може да се користи на софтвер Windows 7 и Windows 8.1.

Се што треба да направите е да ја преземете апликацијата и да ја инсталирате на компјутерот. Кога двата уреда се на иста WiFi мрежа, апликацијата автоматски се поврзува и го детектира вашиот компјутер. Ако сакате да пишувате на вашиот компјутер без да станувате од фотелја, тогаш ова е идеалната апликација за вас.

Автор: Aleksandar Stankov