Совршен изглед со кристалниот Oppo Mirror 5

Објавено на 23.06.2015 во Новости



Совршен изглед со кристалниот Oppo Mirror 5

Oppo успеа да се издвои од сите кинески брендови со интересен и уникатен дизајн кој најмногу до израз дојде кај дијамантскиот R1X што беше одлично прифатено од фановите. Токму затоа сега се подготвува Oppo Mirror 5 со подеднакво фантастичен дизајн, а задниот панел повторно ќе биде украсен со остри линии кои ќе му даваат отсјај и дијамантска форма. 
 
 
Oppo Mirror 5 веќе протече во јавноста со повеќе неофицијални слики и естетиката на дизајнот не е доведена во прашање, туку има дилеми за перформансите и спецификациите. Според првичните информации Oppo Mirror 5 ќе дојде со HD екран со големина од 5 инчен дисплеј, ќе работи со осум-јадрен процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, PureImage 2.0 камера, како и 4G LTЕ конекција.