Facebook ќе ве препознае и без да ви се гледа лицето

Објавено на 24.06.2015 во Новости



Facebook ќе ве препознае и без да ви се гледа лицето

Стотици милиони луѓе секој ден објавуваат фотографии од семејството и пријателите на Facebook. Компанијата веќе развива алгоритам, со интелигенција да препознае одредена личност на фотографија, дури и во случаи кога не се гледа лицето на сликата.



Јан ЛеКун, шеф на одделот што се занимава исклучиво со вештачка интелигенција во Facebook, ги потврдува наводите: "Секој човек има сопствен идентитет што го сочинуваат различни фактори, а лицето е само еден од нив. На пример, Марк Цукерберг лесно може да се препознае и кога ќе го сврти грбот, меѓу другото, најмногу поради фактот што речиси секогаш е облечен во сива маица".



Тестирањето е веќе во напредна фаза, а развојниот тим користел дури 40.000 фотографии за алгоритмот од познатиот Flickr, кои се додадени во базата. Резултатот е импресивен ако им веруваме на наводите, бидејќи прецизноста на препознавањето на лица во фотографии досега и кога лицето не се гледа, беше 83%. Се разбира, ова покренува и сериозна дискусија што новиот алгоритам ќе може да детектира се и се поставија прашања како тоа ќе се одрази врз приватноста на корисниците што не сакаат нивните "пријатели" и членови на семејството да ги означуваат во фотографии објавени на Facebook.