BlackBerry нема да ризикува со небезбеден Android смартфон

Објавено на 24.06.2015 во Новости



BlackBerry нема да ризикува со небезбеден Android смартфон

Џон Чен конечно одговори на бројните шпекулации дека BlackBerry планира наскоро да го лансира нивниот прв Android смартфон. Директорот на BlackBerry изјави дека би произвеле Android смартфон, но само доколку ги исполнува високите критериуми за безбедна комуникација за да не се наруши угледот на компанијата.
 
 
BlackBerry има одличен софтвер за заштита на податоците, а доколку навистина има намера да лансира Android смартфон може да го искористи и партнерството со Samsung и нивната апликација Knox за енкрипција на фајлови и безбедна комуникација.