Gmail ја воведе опцијата пиши-бриши

Објавено на 25.06.2015 во Новости



Gmail ја воведе опцијата пиши-бриши

По неколку години на најава Gmail конечно ја воведе можноста за враќање на веќе испратена порака која поради печатни грешки, погрешно закачени документи и несоодветна содржина не сакате да биде испратена, но затоа треба да бидете брзи за да не биде предоцна и примачот да ја види пораката.
 
 
Undo Send на Gmail ја надмина фазата на тестирање и сега ќе биде дел од официјалниот декстоп и мобилен сервис на Google, a може да ја активирате во менито за опции за испраќање на пораки во Settings.