Француските таксисти кренаа востание против Uber

Објавено на 25.06.2015 во Новости



Француските таксисти кренаа востание против Uber

Париз е во вистински хаос откако такси компаниите и возачите излегоа на масовен протест со блокирање на приодот до аеродромот во Париз и главните обиколници со што градот е целосно парализиран. Таксистите се бесни поради намалените приходи во изминатата година од 30% и ги губат муштериите за сметка на Uber, такси апликацијата која го договара превозот диретно меѓу патниците и најблискиот регистриран возач.
 
 
Протестите во Париз и поголемите француски градови добија и насилен тон со палење на гуми и оштетување на возила, па полицијата прави напори да ја доведе состојбата во нормала.
 
 
Такси компаниите бавно ги воведуваат овие технолошки иновации со GPS локатори и директен повик на корисниците без посредство на диспечери, но се бунтуваат поради наводната нелојална конкуренција од Uber кој во голема мера не е подеднакво регулиран. 
 
Автор: Aleksandar Stankov