Тејлор Свифт си доби пари и се смири со Apple

Објавено на 26.06.2015 во Новости



Тејлор Свифт си доби пари и се смири со Apple

Можеби ви е чудно зошто толку посветуваме внимание на една поп пејачка како Тејлор Свифт, но нејзината кавга со Apple навистина има длабока позадина, не само поради нејзиното одбивање да го пушти албумот 1989 ако не и платат во првите пробни три месеци, туку и поради целиот принцип на функционирање на гигантот кој ја имаше музичката индустрија во својот џеб.
 
 
Тејлор Свифт ја доби битката со Apple, не затоа што сите одвај чекаат да го купат нејзиниот албум, туку затоа што се покрена прашањето за плаќање на авторските права и на големите ѕвезди, но и на новите и независни изведувачи кои добиваа трошки од колачот. 
 
Откако Apple го призна поразот се согласи да им плаќа на музичарите, а Тејлор Свифт ќе го пушти нејзиниот албум 1989 за Apple Music на 30 јуни кога и официјално стартува новиот музички сервис. Apple Music ќе биде пуштен заедно со надградбата со iOs 8.4.