Евтина 200 GB microSD картичка - 200 долари

Објавено на 26.06.2015 во Новости



Евтина 200 GB microSD картичка - 200 долари

Конечно можете да здивнете и да продолжите да се фотографирате и снимате, SanDisk ги помрднува границите напред со технологијата за складирање на податоци. Компанијата лансираше нова microSD картичка од 200GB за цена од 237 долари.



Во светот на модерната технологија се повеќе се појавуваат cloud сервисите, со цел да им се овозможи повеќе простор за податоци на потрошувачите. Како одговор на cloud сервисите, SanDisk изработи картичка со поголема меморија за евтина цена. Поголемата картичка им одговара на корисниците во секој случај, затоа што приватноста им е зачувана и безбедноста исто така. Понудата со новата картичка од 200 GB на SanDisk е неодолива и мора да се зграпчи. Може да се најде на Amazon. Со брзина на читање до 90 MB/s, „двестотката“ SanDisk Ultra (SDSDQUAN-200g-G4A) картичка може да собере FHD видео со должина до 20 часа. Како што камерите на смартфоните продолжуваат да се подобруваат, нудејќи 4K видео, автоматски им се наметнува потреба од поголема меморија на мобилните телефони.